bandr
ВМРО-ДПМНЕ

(ФОТО) ПРВАЧИЊАТА ДОБИЈА ШКОЛСКИ ПРИБОР ОД УНИЈАТА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА!

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г.Наум, синоќа во Манастирот на „Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” се отслужи молебен за благословување на новата учебна година. По тој повод Унијата на жени традиционално им подари на првачињата по скромен подарок-школски прибор.