(ФОТО) ФИЛМ И ИЗЛОЖБА НА УМС ВО СТРУМИЦА СО ГОЛЕМ ОДЗИВ КАЈ МЛАДИТЕ!

Вечерва пред стотина млади од Струмица, УМС на ВМРО-ДПМНЕ организираше Изложба и Документарен филм за одбележување на на македонското востание и револуционерна борба. На настанот присуствуваше и Претседателот на УМС Лука Кржаловски.Изложбата опфаќа слики од приватни колекции и од книги – рече Христијан Велков на отварањето. Текстот и уредништвото се од книга на кустос Бранко Ѓеоргиев.

Документарниот филм изработен за вечерашниот настан е со наслов ,,Достојни на споменот” и се однесува на револуционерите и партизаните од Струмица и регионот, нивната борба, нивните лични животи и погибието. Филмот преку снимки и текст се обидува да ги најде остатоците од нивните живеалишта и гробови иако ликовите на повеќето револуционери не се доволно проучени.Студентскиот клуб на УМС се потрудил да направи и преглед на повеќе настани, да опише помлади активисти на ВМРО од регионот.

Автор:

Датум:

октомври 28, 2018

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ