ЕЛИ ПАНОВА УЧЕСТВУВАШЕ НА ЗАСЕДАНИЕТО НА ИНТЕРПАЛАМЕНТАРНАТА УНИЈА!

мај 26, 2021

ЕЛИ ПАНОВА, ПРАТЕНИК ОД РЕДОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ:

Како пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, и дел од делегацијата, изминатите два дена чествував на 207. Сесија на Управниот совет на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува на 24 и 25 мај 2021 година во виртуелен формат, во рамките на 142. Собрание на ИПУ.

На сесијата учествува по тројца парламентарци, членови на Управниот совет, од 135 земји членки на Унијата.
Пред членовите Управниот совет беа презентирани извештаите од активностите на претседателот, генералниот секретар и работните тела на ИПУ, финансиските резултати на Унијата за 2020 година, како и состојбата во одредени земји членки.

Се очекува на Сесијата да бидат одобрени идните меѓупарламентарни состаноци и избрани нови членови на Извршниот комитет, Комитетот за човекови права на парламентарциците и Комитетот за прашања на Блискиот Исток на ИПУ. Изборот ќе биде спроведен со далечинско гласање, преку електронски систем што гарантира тајност на гласањето, безбедност на платформата за гласање, идентификација и автентификација на корисниците, како и надзор на гласачкиот процес.

Претседателот на ИПУ, Дуарте Пачеко, пратеник од Португалија, во своето обраќање пред членовите на Управниот совет на Интерпарламентарната унија ја нагласи потребата за консолидација на доброто владеење и релевантноста на организацијата.

Интерпарламентарната унија е светска организација на парламентите, во која членуваат 179 национални парламенти и 13 меѓународни парламентарни собранија. Основана во 1889 година, ИПУ е најстарата мултилатерална политичка организација и најголемата меѓупарламентарна асоцијација. Унијата работи на зачувување на мирот и промовирање позитивни демократски промени и одржлив развој преку политички дијалог и конкретни активности. Светската организација на парламентите има седиште во Женева и тесно соработува со Организацијата на Обединетите нации и другите партнерски организации, чии цели ги споделува.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ