ЕЛИ ПАНОВА: ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА, АМАНДМАНОТ ЗА НАБАВКА НА ТРИ АМБУЛАТНИ ВОЗИЛА ВО СТРУМИЦА, БЕШЕ ОДБИЕН ОД ВЛАСТА!

ноември 1, 2020

Ели Панова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Директорот на Струмичката болница, вчера јавно излезе со статус, и побара донации од граѓани за набавка на ново амбулантно возило за Струмица!
После некое време статусот беше повлечен, и излезе вест дека возилото ќе биде набавено за најмногу два месеци!

Во оваа прилика нема да навлегувам во прашањето: ОД КАДЕ, КАКО или КОЈ обезбедил пари за истото и тоа за неколку часа, бидејки оваа набавка е НЕОПХОДНА!

Мегутоа сакам да Ви посочам за ЛИЦЕМЕРИЕТО на оваа власт!

Пред само неколку дена на седница на Комисијата за финансирање и буџет, се образлагаше нашиот Амандман заверен под архивски број: 08-3488/92 кој се однесуваше за итната потреба од набавка на ТРИ вакви амбулантни возила за Струмица!
За ЛИЦЕМЕРИЕТО да биде поголемо, тогаш пред само неколку дена, Амандманот беше ОДБИЕН од страна на истата оваа Власт која денес , НЕКАКО СЕ СНАШЛА!

Ова е уште еден доказ дека апсолутната власт на СДСМ ништо не значи за струмичани!

Очајна е ситуацијата со здравството и економијата во цела држава , но ЖАЛНО е што и најголемите потреби преточени во предлози, ако доагаат од ВМРО- ДПМНЕ не смеат да бидат прифатени!
За да не им се скрши егото на големите !

Ова дава слика за тоа во каква состојба во моментов е не само Македонското здравство, ами и целата држава.

Навистина ми е жал што за да се реши било каков проблем, во Македонија, НУЖНО Е НА НЕКОЈ ДА МУ ПУКНЕ ФИЛМОТ!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ