strumica denes logo

ДЕЛЕГАЦИЈА НА УМС НА ВМРО-ДПМНЕ УЧЕСТВУВАА НА СОБРАНИЕТО НА МЛАДИНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА ЕВРОПСКАТА НАРОДНА ПАРТИЈА ВО ПРАГА!

Автор:

Датум:

февруари 23, 2019

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

февруари 23, 2019

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Делегацијата на УМС на ВМРО ДПМНЕ, во која учествуваат секретарот за меѓународна соработка Филип Ѓорѓиев и членот на ИК, Владимир Ристов, учествува на Собранието на младинските организации на Европската народна партија во Прага каде над 100 млади делегати дискутираат за процесот на дигитализација и можностите и предизвиците за процесот на демократизација.

Советот на Подмладокот на Европските партии, на состанокот во Прага, едногласно ја прифати, итната Резолуција, предложена од Унијата на младите сили на ВМРО ДПМНЕ, со која “Се осудува политичкото гонење во Република Македонија и ниското ниво на владеење на правото во државата “

На состанокот во Прага ќе се усвои Манифест на младите за настап на европските изборите во Мај 2019 година.

Делегацијата на УМС, на маргините на Собраниенито оствари средби со делегатите на сестринските организација и учествуваше во изработката на повеќе програмски документи.