strumica denes logo

Дајанчо Ефтимов на средби со граѓаните во струмичко: Граѓаните се чувствуваат запоставени од ненародната власт

Автор:

Датум:

септември 13, 2018

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

септември 13, 2018

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ


Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов ова недела е во континуираните средби во рамките на ,,Лето за Македонија” во општина Струмица и општините Босилово, Ново Село и Василево.

,,Континуираните средби во рамките на ,,Лето за Македонија” само ја потврдуваат жалната состојба во која се наоѓаат граѓаните по катастрофалните политики на власта и непромислените потези против националните интереси, заборавените земјоделци,разочараните пензионери,излажаните млади луѓе.” – изјави Ефтимов

“Граѓаните се чувствуваат запоставени од ненародната власт која исклучиво се занимава со местење на тендери,злоупотреби на државните ресурси,распродажба се што може да се распродаде.” – истакна Ефтимов