АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ ОБЈАВИ: ПОЖАРИТЕ НЕ СЕ СЛУЧАЈНИ, ТОА ГО ЗНААТ СИТЕ ГРАЃАНИ ВО СТРУМИЦА!

април 29, 2020

ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот старт побара скрининг на населението за Ковид 19, да се види каде се жариштата, во тие жаришта да се прогласи кризна состојба, а остатокот од државата да функционира нормално, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата „Јади Бурек“.

Тој ги спомна и опожарените објекти во струмичката касарна.

АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: Знаете што им е целта, еве ќе бидам директен. Луѓето се во огромен страв и паника. Прва вест сами кажавте секогаш е, мерките, препораките итн. А тоа на нив им одоговара затоа што никој не зборува дали јавниот превоз во Скопје е добар, дали има дупки по улиците, дали ѓубрето се чисти или не. Дали некој бандит во Прилеп близок до власта прави криминал? А прави. Дали некој бандит во Битола во РЕК Битола прави криминал? А прави. Дали фирмите на Заеви во Струмица прават криминал, а прават. Еве една провокација, случајно одат во пожар објекти во струмичката касарна или одат намерно, затоа што таму Заеви градат згради. Тоа не е тема во Македонија, Ковид е прва тема. Три објекти изгореа во изминативе месец дена во струмичката касарна, случај нема. Во струмичката касарна згради градат семејството Заеви тоа го знаат сите во Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ