АЛЕКСАНДАР ДОНЕВ: ДОВОЛНО Е СДСМ ДА СИ ГИ ПОГЛЕДНАТ КОМЕНТАРИТЕ ОД ГРАЃАНИТЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И ДА СФАТАТ ДЕКА НИВНАТА ПРИКАЗНА Е ЗАВРШЕНА!

јуни 3, 2020

АЛЕКСАНДАР ДОНЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СТРУМИЧКОТО ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани членови, симпатизери, сограѓани.

СДС три дена го прославува ,,големиот празник” – денот кога ја презеле власта во Македонија.

Слушнавме што може да кажат дури и кога самите не веруват во кажаното. Доволно е да си ги прегледат коментарите од граѓаните на сопствените профили по социјалните мрежи и да сфатат дека нивната приказна е: ЗАВРШЕНА.

На ,,големиот ден” кога дојдоа на власт во Собранието самите гласаа со две раце. Од тој ден Уставот беше згазен, започнаа срамните национални предавства, а резултатот: датумот за преговори се уште не го знаат.

Во настапите пак, јасно кажуват дека имаат уште многу за ,,давање” само за да се задржат на власт.

Се зафатија со апсења и прогони на опозицијата, нерасчистени застрашувачки случаи, уништување на бизниси и животи. Создадоа мали и лажни опозициски партии со што на крај меѓународните институции нивниот режим го нарекоа Хибриден.

Правниот систем кој го ,,отворија како пупка” самите си го нарекоа ,,трас – трас” судство.

Економијата пред изборите наводно ,,блескаше” а сега самите изјавуват дека во буџетот фалат две милијарди. Тендери, чудни фирми и иновации, рекети и торби со пари се нивниот економски бренд. Тоа е се што тие знаат за финансии, економија и стопанство.

Во еден од нивните мандати оставија 200.000 сограѓани на улица заради нивата срамна приватизација. Па сега ете тие се оние кои обезбедуват наводно социјална помош, пензии и помош за стечајни работници.

Социјалната помош ја покачиле за 300 проценти и замислете: пак не се доволно за преживување на примателите. Тоа е иронијата на нивната социјална политика. Земјоделието градено со децении го уништија во само еден мандат.

Младите мислат како да ја напуштат земјата како никогаш порано. А, ветуваа дека ќе се вратат сите кои ја напуштија татковината. Иако знаеме дека СДС од секогаш работи против нашата дијаспора.

СДС направила план како да ја задржи власта со помош на Корона кризата. Со Министерот Филипче правеа телевизиско шоу во кој парадираа сите додека граѓаните седеа дома и гледаа.

Но направија грешка. Ковид 19 не е тема на која може да се собират поени. Здравството на СДС со целата корупција, заборавените проекти за клинички центри, запоставен медициски персонал се најслабата карика на власта на СДС.

Затоа имавме целосен хаос во текот на Корона кризата, огромен број на луѓе кои настрадаа само затоа што слабо се тестираше. ,,Кривата” беше исправена, болничките капацитети слободни, ама граѓаните умираа на пат кон болиците или пак, посмртно се констатираше нивната болест.

КОНЕЧНО, кога видоа дека создале огромен бран на незадоволство и дека граѓаните ќе им се одмаздат креират нова ситуација. Избори во услови на Корона.

И запнаа да делат флаери на денови кога има по стотина заразени и иако самите се позитивни. Нивните функционери всушност беа први протагонисти на кризата, а сега од партијата си направија кластер на Корона.

Функционери кои законски не треба да се партиски активисти, делат флаери на пензионери во парк, а потоа испаѓа дека се позитивни на Ковид 19. Значи откако видоа дека малите лажни опозиционери и пајтон партии нема да му земат гласови на ВМРО – ДПМНЕ сега во игра е нова шема: Корона избори.

Да се заплашат независните гласачи да излезат на гласање.

Активистите на другите партии да не можат да ги посетат граѓаните ниту пак кандидатите да се претстават доволно.

Додека СДС дели пакети. Значи, не е важно кој и како може да се зарази со Корона, најважно е неупешната СДС водена од Заев да го намали поразот на Изборите.

СДС сака уште еднаш да гласа ,,со две раце” како оној славен 1 јуни 2017. Досега добија реакција од народот од Европа и светот и тој план нема да го реализират повторно. ВМРО – ДПМНЕ бара здрави, слободни, фер и демократски избори за да и докаже како со љубов се управува нашата татковина Македонија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ