Александар Донев, претседател на струмичкото ВМРО-ДПМНЕ:
СТРУМИЦА НЕ Е ВО ИРАН НИТУ ВО ЛИБИЈА !
Без срам и перде и без чувство за одговорност Филипче и Заев во Струмица денеска го докажаа она што го тврди ВМРО – ДПМНЕ дека: наместо грижа за здравјето на СДС му е битно да направи нелегитимни избори и да се одржи на власт по цена на здравјето и животот на сограѓаните.
Денеска Филипче, Спасовски и Заев со меѓусебно честитање и парада околу ,,најава за пуштање” на новото крило на Општа болница Струмица кое замислете ќе било функционално дури на крајот од летото јасно потведува дека: Филипче и Заев имат друга агенда различна од онаа на народот.
Министерот Филипче пред појавата на пандемијата пропушти да изгради неколку клинички центри, а ќе ја ,,продаваше” и Брзата помош. Во негово време најголем број на лекари ја напуштија државата.
Кога настапи пандемијата не донесе ниту една санитарна и здравствена мерка, не набави респиратори, а медицинските лица работеа со донации. Неговите професионални партиски кадри први ја расширија пандемијата во земјата и не сносија одговорност.
Заев, Филипче и нивните неспособни кадри не успеаја да се справат со пандемијата.
Од сопствената партија направија кластер на Ковид 19.
Функционери позитивни на Ковид 19 делат флаери на пензионери.
Денеска кога имаме 200 нови позитивни случаи на Ковид 19 и дури 8 починати наши сограѓани, кога нашиот здравствен систем светските медиуми го споредуват со Иран и Либија министерот Филипче дошол во Струмица да се слика пред крилото на новата болница.
Инаку новото крило го рестартира и изгради ВМРО – ДПМНЕ и да не беше завидливоста и неспобноста на СДСМ досега ќе беше ефективен здравствен центар на југоистокот.
Но, ние видовме дека освен пари и моќ на СДСМ не му е многу грижа за јавното здравје.
Изгледа, премногу надеж вложуват во предизборната стратегијата: заплаши ги гласачите да не излезат на парламентарните избори.
Испаѓа дека бројките работат всушност за таа стратегија – ширење страв помеѓу граѓаните?
Дали затоа што Струмица нема изразен проблем со пандемијата решивте дека ви е потребна промоција?
Џабе му е на СДСМ ваква парада. Освен бизниси, пари, функции и вработувања и срам за Струмица – ништо друго не направи.
Време е да си заминете чесно. Да си признаете дека не ве бидува и дека така држава не се води.
Време е да се тргнете и да дојдат луѓе кои умеат да се грижат за здравјето на граѓаните и, да започне Обнова на татковината – Македонија.