(ФОТОГАЛЕРИЈА) МЛАДИТЕ ОД НОВО СЕЛО ПОБАРАА ПРАВНА ДРЖАВА!

октомври 15, 2018

Околу 100 млади зедоа учество на трибината во општина Ново село. Во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се одржа трибина со наслов ,,За слободата, владеење на правото и правната држава” Во кафе бар Парадизо свои ставови изложија Дајанчо Ефтимов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески Секретар на УМС, Владимир Ристов и Петар Марков.

Изборот да се одржи трибината во Ново село е разбирлива бидејќи од таму произлезе меѓународен скандал. Градоначалникот беше фатен во криминал и осуден. Сомнежот за пропусти во текот на постапката ја разбрануваа уште повеќе јавноста – беше речено на трибината.
Затоа младите барат да се избере нов Јавен обвинител кој ќе ја направи оваа институција кредибилна.

Не може да постои сигурност кај младиот човек ако нема законитост и правна држава. Несигурноста доведува до апатија и ги принудува младите да размислуват како да се преселат во подобро и средено општество. Криминалот нерасчистените дела од кои се згрозува цела јавност мора да се расчистува бргу. Младите мора да живеат во слободно општество. Правната држава треба да ја штити и проширува слободата. Владеење на правото треба да создаде еднакви права за напредок на секого во општеството.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: