ВАНКОВЕР МАНЧЕВ: ФИЛИПЧЕ, ДО КАДЕ Е ВЕТЕНАТА ПЛАТА ОД 100.000 ДЕНАРИ ЗА СПЕЦИЈАЛИСТИТЕ?

септември 20, 2019

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ванковер Манчев на својот официјален фејсбук профил напиша статус во кој го повикува министерот за здравство Венко Филипче да одговори до каде се ветените 100.000 денари плата за специјалистите? Манчев исто напиша дека не се остварени ветувањата за младите доктори. Во продолжение погледнете го во целост:

ВАНКОВЕР МАНЧЕВ:

На Телма на тема здравство, однапред смислена дебата со испланирани гости, слично како пред два дена во Деканатот на медицински факултет ! Но пак се плеткаат во одговорите …Затоа што се во напредна ЌЕ фаза од реализирање на платените физибилити студии … На новинарското прашање зошто има Две и повеќе здруженија на млади лекари, еден со друг се побиваат, секој поведувајќи се со личниот интерес, претставувајќи се дека не се партиски определени, а во нивните раководства се доктори- ки кои секојдневно ја обојуваа “шарената револуција” ! Исто и со синдикатите – еден, два … Клинички, гранков, здруженија … Малку за министерот Филипче – зошто не го демантира колегата Јукиќ кога рече дека плата на специјалист е 37000 денари ? Па нели беше 70000 … Нели просечна специјалистичка плата била блиску до ветената од 100 000 ! И пак, ЌЕ проекти за докторска дејност, за приватно обезбедување … за младите доктори … А законот е донесен пред 9 месеци, а нема ниту еден започнат по тој оглас на кој НЕ се пријавија ниту 25 % од дипломираните во последната една година, а веќе требаше некои да завршат ! И така ” ЌЕ ” владата си има “Ќе” министерство за здравство ! Докторите заминуваат од јавното здравство, а на граѓаните Бог да им дава здравје и трпение … И додека го пишувам ова, министерот Филипче одговара на прашање што превзема за да се надминат проблемите …но одговорот е како да зборува Доцентот неврохирург, оној другиот Филипче, па се добива впечаток
Филипче против Филипче!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ