СТРУМИЧКОТО ВМРО-ДПМНЕ ОБЈАВИ ВЛАДАТА ДА ПРЕЗЕМЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА СПАС НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО ВО ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН!

ВМРО-ДПМНЕ-СТРУМИЦА:

Почитувани сограѓани,

ВМРО – ДПМНЕ како земјоделска партија чувствува должност да реагира до Владата да преземе итни мерки со ангажман на сите структури и да прави напор за спас на земјоделието во југоисточниот регион.

Најпрвин потребно е на земјоделците да им се исплатат трите денари за килограм производ предаден на преработувачката индустрија.
Потоа, неопходно е да се интервенира со директна помош околу откупот на зелката.
Исто така, никој досега не спомнал за проблемот со цената на лутата пиперка.
Минатата година цената беше 10 денари, додека сега падна на катастрофални 2 денари од парче.

Зачудени сме од несериозноста во пристапот кон земјоделието.
До сега од Владата не сме слушнале за ниту една мерка за земјоделието иако постојат повеќе донесени уредби кои се однесуваат на стопанството.
Како воопшто ќе го обновиме нашето стопанство без производството на храна и материјали од земјоделците.

Пред одредено време политичар на СДС се стави во одбрана на земјоделците од регионот.
Се гарантираше цена за откупот на зелката – најмалку 15 денари од килограм.
Наместо тоа зелката се откупува за 8 до 10 денари по килограм.
Видовме дека ниту откупни центри блиски до СДС па и функционери не го сфатиле сериозно.

Инспекторатот излегол на лице место, но ги затекнал откупните пунктови затворени.
Интересно како сите затвориле во исто време.

Знаеме која власт е ментор на ,,зелената мафија” во нашата историја.
Знаеме и дека секогаш кога на власт е СДС земјоделието пропаѓа.

Но, состојбата е алармантна и затоа потребно е веднаш да се дејствува со итни мерки за спас на земјоделците од регионот.

Автор:

Датум:

април 8, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ