РЕАКЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СДСМ: НА ПОРТПАРОЛОТ МУ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА НЕ СЕ БЛАМИРА И ДА ЈА БРАНИ „ДИКТАТУРАТА НА СКАФАНДЕРИТЕ“

април 20, 2021

ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:

До граѓаните и медиумите.
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица на Прес конференцијата на СДСМ.
Почитувани сограѓани,

Диктатурата на Зоран Заев почна да ги загрозува не само животот и здравјето на граѓаните, опстанокот на стопанството и националните интереси туку и животот на своите партиски поданици.
Вчера цел свет беше сведок на ретко видена слика каде пратеници од власта во скафандери се однесени да присуствуваат на седница.
Прекршени се сите прописи закони и Уставот и граѓаните се ставени во подредена положба.
И тоа, во услови кога пратениците од опозицијата јасно ставија до знаење дека го поддржуват Петиот сет економски мерки.
Патем, денеска очекуваме на прес конференцијата СДСМ да каже кога ќе биде донесен Шестиот пакет мерки.
Да објасни на јавноста како пратеникот Костадин Костадинов успева без трошоци да стигне на седница.
Да објасни како во вториот мандат на Зоран Заев и четврт мандат на Локална власт нема позначајни проекти и зошто толку се високи сметките на погребалните услуги.

Драги сограѓани,
Работата е повеќе од очигледна:
Диктатурата на СДСМ отвара можности за криминал, разни тендери, трафик на дрога, мигранти.
На таа скала сме на 111 место од 118 во светот.
Во меѓувреме на дното сме по вакцинираност, а на врвот од смртноста.
Стопанството тоне, проекти нема.
Власта единствено се грижи како да ја обвини опозицијата.

На портпаролот му препорачуваме да не се бламира и да излегува да ја брани ,, диктатурата на скафандерите” од која поединци и фамилии направија богатство.
ВМРО-ДПМНЕ останува цврста организација и тоа за доброто на нашата Македонија.

Лошата вест е што СДСМ не се промени ни после економски уништувачката приватизација ни после предавството на нацијата.
Но, добрата вест е што СДСМ се ближи кон својот крај. Сето ова ќе престане кога наскоро ВМРО-ДПМНЕ ќе биде нова власт.

ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ