Синоќа младината на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на Спомен-костурницата, организираа трибина на тема „Македонска надворешна политика и европски интеграции“. На трибината присуствуваа Владимир Ристов-потпретседател на УМС и кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Александар Николоски-потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на четвртата изборна единица, Васко Наумовски-поранешен вицепремиер за евроинтеграции и поранешен амбасадор во САД, како и Викторија Трајкова која работи на меѓународните односи како координатор на канцеларијата за меѓународни односи на ВМРО-ДПМНЕ.
Владимир Ристов, потпретседател на УМС и кандидат за пратеник од Струмица:
Во рамките на предизборните активности на политичките партии, Унијата на млади сили од Струмица синоќа на Спомен костурницата над градот организираше трибина на тема „Македонската надворешна политика и европските интеграции”.
Унијата на млади сили синоќа од Струмица испрати силна порака дека Македонија заслужува и сака да биде дел од Европското семејство!
На ридот кој претставува симбол на македонското ослободување ,Спомен-костурница организиравме трибина под темата ,,Македонската надворешна политика и европските интеграции”.
Голема благодарност до Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на четвртата изборна единица Александар Николоски што беше дел од трибината и им даде силна поддршка на младите.
На оваа трибина свои обраќања имаа и поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и поранешен амбасадор во САД, професорот Васко Наумовски, како и Викторија Трајкова која посветено работи на меѓународните односи како координатор на канцеларијата за меѓународни односи на ВМРО-ДПМНЕ.
На трибината како потпретседател на УМС ги споделив искуствата и работата на УМС на полето на меѓународната политика од конференциите ширум Европа и соработката со нашите сестрински партии во Европа.
🥇Им благодарам на Унија на Млади Сили на ВМРО – ДПМНЕ О.К. Струмица за прекрасната организиција!
На 15 јули да го заокружиме бројот 14 и да избереме Обнова и Европска иднина за Македонија!