Perdormire
ВМРО-ДПМНЕ

(ФОТО) АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ СО ОБНОВА ЗА МАКЕДОНИЈА ДЕНЕСКА ВО ВЕЉУСА, ДОБРЕЈЦИ, ДАБИЛЕ, МУРТИНО, БАНСКО И КУКЛИШ!

Денеска во рамките на Обнова за Македонија на ВМРО- ДПМНЕ во посета на Струмица беше Потпретседателот на партијата Александар Николовски. Николовски ги посети населените места Вељуса, Добрејци, Дабиле, Муртино, Банско и Куклиш.

Во рамките на посетата Александар Николовски оствари средба со граѓаните со кои разговараше за актуелните состојби во државата.

На својата страница ОК ВМРО- ДПМНЕ Струмица го објавија следното:

,,Ни претставува чест и гордост што секаде каде што отидовме бевме пречекани со расширени раце. Граѓаните веќе зборуват отворено за своите проблеми, за неостварените ветувања, за криминалот, загадувањето. Промените во земјава следуват наскоро и тоа на изборите во април! Граѓаните умеат да препознаат дека ВМРО- ДПМНЕ најдобро умее да се грижи и работи за нашата општина Струмица и татковината Македонија”