ЕЛИ ПАНОВА: СТРУМИЧКИОТ РЕГИОН ЌЕ ГИ ПЛАЌА АВТОБУСИТЕ ВО СКОПЈЕ?

март 18, 2021

Ели Панова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Во Соранието на Р.Македонија, повторно РУБРИКА ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ ❗
ДА, ново задолжување од 70 МИЛИОНИ ЕВРА за брз автобуски превоз, т.е за спас на НЕУСПЕШНАТА КАРИЕРА НА ШИЛЕГОВ ❗
Bus Rapid Transit (BRT) System❗
Знаете што е ова ❓
Признавам, и јас незнаев што е, додека не дојде во Собрание ова ново задолжување!
➡️Доаѓам од Струмица која во својата околина од околу 70 населени места во 4 општини меѓусебно тесно поврзани на околу 20 до 30 километри раздалеченост, НЕМААТ НИКАКОВ јавен АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ!
СТРУМИЦА , БОСИЛОВО, ВАСИЛЕВО И НОВО СЕЛО… со над 70 населени места од околу…
❗ДА ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ и Вие ќе плаќате,
❗Да, токму вие кои не знаете како да преживеете од 1ви до 1ви,
❗Вие 58.000 кои останавте без работа поради корона кризата,
❗Да токму вие , што веке сте задолжени по 2200 евра по човек од оваа Влада!
❗Да токму вие од сите делови на македонија а немате канализација , водовод, газите по кал, немате улично осветлување …
❗И вие кои сеуште возите запрежни возила, или со години собирате пари да купите некакво половно возило кое тешко го одржувате за да стигнете навреме во Болница…
❗Вие, од сите делови на Македонија, кои со денови го планирате патувањето до болница во Скопје, за кога ке стигнете во ГОЛЕМИОТ ГРАД да видите за едно 10 години од сега ( а и тоа не е сигурно со оваа ЌЕ ВЛАДА ) што претставувал овој Bus Rapid Transit (BRT) System за кој денес ние зборувавме …
➡️Дали граѓаните и селаните од помалите места во Македонија не заслужуваат да имаат било каков редовен јавен превоз?
Зарем буџетот на Град Скопје од околу 80 мимиони евра неможе сам да изгради нешто за ГОЛЕМИОТ Град?
➡️Да можеби потребно е некакво ново решение за хаосот во кој се наоѓа Скопје, ама НИКАКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ дека е потребно сите граѓани од цела држава да го плаќаат наредните 30 години!

ЛИНК ОД ВИДЕОТО: https://www.facebook.com/vmrodpmnepanovaeli/videos/905361423370172

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: