УМС: БЕЗ НИКАКВИ РЕАЛНИ АРГУМЕНТИ, УМС ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА Е ПОСОЧЕНА ЗА ВАНДАЛИЗМОТ ВО ГРАДОТ-ВАШАТА КАЗНА НАСКОРО ЌЕ ПРИСТИГНЕ ОД НАРОДОТ!

март 1, 2019

Почитувани сограѓани,

Преку социјалните мрежи, од страна на лица блиски на актуелната власт и без никакви реални аргументи УМС ВМРО- ДПМНЕ Струмица е брутално посочена за вандализам во градот.

На ваков начин власта си прави свое алиби за репресија врз младите пред почетокот на кампањата за претседателски избори. Целта е провидна: да се оцрнат активностите на нашата организација и заплашат младите со цел да се пасивизират. Затоа што незадоволството помеѓу младите кои остануват во земјава расте.

Немаме намера ниту потреба да ги вандализираме објектите на сограѓаните и го осудуваме овој чин.
Бараме органите да го откријат сторителот и неговите мотиви.

Во меѓувреме УМС Струмица не се плаши од никого. Оваа власт заслужува казна која, на легитимен начин, наскоро ќе пристигне од народот на претстојните избори.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: