Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, смета дека треба да се зграпчи првата можност за одржување на парламентарни избори зашто, како што вели, не се знае кога ќе има втора шанса.
„Треба да бидеме сите свесни дека во услови кога нема парламент, во услови на одложени избори, кредибилитетот на управување на државата мора да биде поткрепен со одлука на граѓаните и пренесување на нивните права. Мојот став е дека прво треба будно и внимателно да следиме како одминува кризата. Се надевам дека до крајот на оваа недела ќе знаеме многу повеќе отколку денеска што знаеме. Она што јас го очекувам е Република Северна Македонија да ја зграпчи првата можност кога може да оди на избори зашто не знаеме кога ќе има втора можност. Светот зборува, и нашите експерти го кажуваат тоа, дека можно е есента да се случи повторен пик на вирусот. Дај Боже да не се случи, но ако се случи ние ќе влеземе во пробивање на сите уставни рокови околу мандатот на пренесените надлежност од граѓаните на политичарите“
Тој додаде и дека СДСМ сигурно ќе слави нова победа.