ЗОРАН ЗАЕВ ОД СТРУМИЦА: Моето срце е најразнежнето кога сум во Струмица, само дома си е дома!

јуни 24, 2020

Лидерот на СДСМ Зоран Заев од вчерашната трибина во Струмица ги повика граѓаните масовно да излезат на претстојните избори и да гласаат за коалицијата предводена од СДСМ.

Лидерот на СДСМ и носител на листата на Коалицијата „Можеме” во изборната единица број 4, Зоран Заев, вечерва се обрати пред граѓаните на Струмица на граѓанска трибина.

Убеден сум дека можеме да влеземе во ЕУ, Струмица беше заборавена од ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше кандидатот за пратеник, Костадин Костадинов пред присутните граѓани.

-СДСМ не зборува исклучиво во политички памфлети, како што не е политичка флоскула, сме го докажале тоа пред граѓаните. Знаете дека во овој мандат имавме многу предизвици, имавме крупни прашања коишто од нашето осамостојување не се отвораат од причини дека би изгубиле политички поени. Ветивме зголемување на минималната плата и просечната, за не цели години ја покачивме минималната плата за 14 и 500 денари, а се покачи и просечната плата на граѓаните, а од тоа бенефит имаа граѓаните. Ја барам поддршката од вас, бидејќи знаат граѓаните колку се гради сега во Струмица. Граѓаните на 15 јули ќе се одлучат за европска иднина, за модерна држава, за интегрирана Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ, рече Костадинов.

Кандидатката за пратеничка, Соња Мираковска се обрати пред присутните во амфитеатарот.

– Кампањата ја почнуваме среде пандемија, затоа и ви пристапуваме на поинаков начин, нашите пораки до вас ќе патуваат од растојаните, за жал, нема да може да се гушнеме. Овие избори доаѓаме со нови планови коишто заедно ќе ги оствориме, Вие ни дадовте доверба да зачекориме до НАТО И ЕУ. Не беше едноставен обидот да го тргнеме облакот на „недоразбирање“ со соседите во една тензична и полна со недоверба атмосфера. Но, ни дадовме храброст и почнавме да носиме одлуки за иднината, рече Мираковска.

Лидерот на СДСМ и кандидат за пратеник Зоран Заев се обрати пред пристутните во неговиот роден крај, родната Струмица.

-Моето срце е најразнежнето кога сум во Струмица, само дома си е дома. Нашиот караван тргнува токму од Струмица, таа ние сигурноста и секако Струмица ни е среќата. Влегуваме во нов поход во следните 20 дена, барајќи од граѓаните да ни пренесат чест и одговорност за следните четири години да продолжиме да ја водиме нашата земја. Носевме одлуки и не калкулиравме со никакви политички кариери, ниту со нашите партиски рејтинзи, носевме одлуки да си ја одглавиме државата, носевме мудри, паметни и многу сериозни одлуки. Одлуки коишто ни го отворија коридорот пред нас, кои треба да ги има нашата земја- рече Заев.

Ова е наша татковина, сите си ја сакаме и сите имаме исти проблеми, потенцираше лидерот Заев.

-Ако секој ден сме на пазар, во маркет, во аптека, во кафуле, и таму се задржуваме 15-20 минути, тогаш можеме 2-3 минути да поминеме на гласачко место и да гласаме, каде е побезбедено од сите други места. Да гласаме за број 3, тоа е иста бројка како првата буква од моето име и презиме. Колку повеќе излеземе, толку повеќе мандати ќе освоиме и ќе имаме полегитимно собрание – рече Заев.

Тој побара нов мандат од граѓаните за да продолжат, како што рече, со храбри и мудри одлуки.

Носителите на листата на кандидати за пратеници во изборна единица 4, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и кандидатката за пратеничка од коалициониот партнер НСДП, Соња Мираковска им се обратија на присутните граѓани од Струмица и ги претставија кандидатите за пратеници од ИЕ4.

Претходно, денеска Заев со изјава за медиумите во Струмица ја почна кампањата за вонредните парламентарни избори што треба да се одржат на 15 јули.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: