ЗОРАН ЗАЕВ: 13.000 стечајци до пензија ќе земаат по 9.242 денари!

јули 19, 2021

Со измените на Законот за стечјаци, правото на материјално обезбедување ќе го остварат уште најмалку 1.100 стечајци, објави премиерот Зоран Заев на неговиот ФБ-профил.

-Заедно со претходните законски решенија, напиша тој, вкупниот опфат на стечајци што го оствариле или ќе го остварат правото на надомест во висина од 9.242 денари до нивното пензионирање, е близу 13.000 лица. Определбата на Владата за спроведување социјални политики насочени кон сите наши граѓани од ранливите категории, како што се стечајците, пензионерите и невработените, продолжува и во наредниот период, објави Заев на Фејсбук.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ