Заеви донираа 1.000 хуманитарни пакети помош за социјално ранливите граѓани на Куманово!

април 26, 2020

Нови 1.000 хуманитарни пакети со основни продукти за социјално загрозени граѓани во општината со најмногу заболени граѓани-Куманово достави вчера семејството Заеви преку општинскиот кризен штаб.

Според информациите досега се поделени над 6.000 вакви хуманитарни пакети до повеќе општински кризни штабови во државава, кои понатаму,

преку волонтерите се доставуваат до граѓаните на кои помошта им е неопходна.

Во општина Струмица веќе се поделени 1.400 пакети,

во населените места на територијата на

Скопје околу 2.000 хуманитарни пакети,

700 во Куманово и Дебар а останатите во Струга и Центар Жупа.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ