ЗАЕВ ОД СТРУМИЦА: ДОМА СИ Е ДОМА, НАЈАВЕН НОВ ОТКУПЕН ЦЕНТАР ВО СТРУМИЦА, ФИЛИПЧЕ КАЖА ДЕКА ГРАДОТ ЌЕ ДОБИЕ НАЈСОВРЕМЕН АПАРАТ ЗА МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА!

ноември 3, 2019

Бев во целиот свет, но само дома си е дома, најубаво е во Струмица, со овие зборови премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, го започна своето обраќање Спортската сала во Струмица, на граѓанската трибина „На прав пат“. Тој изјави дека секогаш од струмичани ја црпи својата позитивна енергија!

Министерот за здравство, Венко Филипче, се осврна пак на мерките што се спроведуваат за развој на здравствената заштита. Тој реќе дека на почетокот на наредната година сите жители од овој регион ќе имаат на рапсолагање најсовремена болница. „Струмичката болница ќе добие најсовремен апарат за магнетна резонанца. Нема повеќе патување до Штип или Скопје туку сите здравствени услуги ќе ги добиваат тука во болницата во Струмица“, порача Филипче.

Членот на ЦО и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски пак рече дека Струмица ќе добие нов откупен центар во вредност од 6 милиони евра!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ