„Сега е клучен момент, борбата за правда што ја водиме 2 години, кога изградивме независни институции кои силно се борат против криминалот, да го зададе конечниот удар на неправдата, на криминалците, на нечесните. Последното објавено видео од италијанскиот медиум во ниеден момент не укажува на било каква вмешаност на премиерот Зоран Заев во случајот „Рекет“ туку сосема спротивно“, вели денеска Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.
„Од снимките е повеќе е јасно дека премиерот Заев ниту директно ниту индиректно не е вмешан во овој случај, но станува јасно дека единствена цел на овие снимки е токму тој да биде дискредитиран. Премиерот Заев го пријави случајот и се бори за правда, создавајќи независни институции кои вистински се борат против криминалот и корупцијата“, посочува Костадинов на денешниот прес.
https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/2454384444783425/?t=90