bandr
СДСМ

(ВИДЕО) КОСТАДИН КОСТАДИНОВ ОД СТРУМИЦА: ОБЈАВАТА НА СНИМКАТА Е ДЕЛ ОД СМИСЛЕНО СЦЕНАРИО КОЕ НЕМА ДА УСПЕЕ, МИЦКОСКИ ДА ОДГОВОРИ ЗА СРЕДБИТЕ СО ЛУЃЕТО КОИ СЕ ГЛЕДААТ НА СНИМКИТЕ!

Костадин Костадинов, портпаролот и пратеникот на СДСМ, денеска од Струмица изјави за медиумите дека објавените последни материјали кои се поврзани со случајот „Рекет“ се добро смислено сценарио. Исто така, Костадинов изјави дека Мицкоски треба да одговори пред јавноста за средбите со луѓето кои се гледаат на снимките.

Во продолжение погледнете ја целата изјава како видео и како текст:

Објавата на снимката е дел од смислено сценарио кое нема да успее, Мицкоски да одговори за средбите со луѓето кои се гледаат на снимките!

Објавата на снимката е дел од смислено сценарио кое нема да успее, Мицкоски да одговори за средбите со луѓето кои се гледаат на снимките!

Posted by СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија on Thursday, 8 August 2019

Почитувани граѓани, нема правда, нема мир! Од ова начело СДСМ никогаш нема да отстапи.

Како што ветивме, до крај ќе се бориме да го вратиме правото и правдата во Република Северна Македонија.

Уште еднаш ги охрабруваме и бараме правосудните органи да ги расчистат сите околности околу актуелниот случај.

Истрагата бараме да се забрза од надлежните институции кои мора да дадат целосни одговори за сите актери кои учествувале во против правни дејствија, како и да даде одговори за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај.

Особено да даде аргументирани одговори за тоа кој се е вклучен во овој криминал и од кои се предмети што се истражуваат кој прави напори да се спаси.

Никој не е заштитен и никој не е и нема да биде поштеден во Република Северна Македонија.

Јавноста има право да ја знае вистината.

Се што се случува вклучувајќи ја и денешната објавување на снимка е дел од однапред подготвено сценарио.

Сите мрачни сили се впрегнати во поништување на правната држава и загрозување на евроатланските интеграции на Република Северна Македонија.

Убедени сме дека на крајот вистината ќе излезе на виделина.

Ќе пропаднат очајничките обиди на саботажа на истрагата или за нечив спас од истата.

Напротив, уверени сме дека овие подземни обиди само ќе ја забрзаат истрагата и ќе ја интевизираат, и ќе ги извадат на површина сите актери и учесници во случајот Рекет.

Христијан Мицковски, дублерот на Груевски и на фамилијата, кој со недели се обидува да инкриминира функционери од СДСМ, многу јасно и гласно го прашуваме: Дали погрешниот таргет на опозицијата е обид да ги прикрие сопствените траги?

Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на снимките тој лично разговарал?

Кога се случиле ваквите разговори?

Во какви зделки е доколку разговарал со луѓето кои се гледаат на снимките?

Дали и што примил на рака?

Кој ги лиферувал снимките во италијанскиот медиум?

Го потсетуваме Христијан Мицковски и ДПМНЕ на зборовите на нивниот шеф: вистината е како шило, кога тогаш, ќе излезе на виделина.

Или тој ќе одговори на овие прашања, или одговорот со сигурност ќе стигне од друго место.