СДСМ:
ВМРО ДПМНЕ обвинува за изборен поткуп а преку партиски активисти, со партиски обележја дели пакети и се рекламира на социјалните мрежи.
Во текот на изминатите неколку дена од ВМРО-ДПМНЕ видовме серија на обвинувања за некоков изборен поткуп насочен кон СДСМ.
Но социјалните мрежи покажуваат дека токму ВМРО-ДПМНЕ дели пакети со партиски ознаки и самата се рекламира на социјалните мрежи.
ВМРО-ДПМНЕ, преку министерот Наќе Чулев се обиде хуманитарната акција во Струмица, преку која секојдневно се дистрибуираат пакети со помош на сиромашните и ранливите категории, да ја престави како криминална и изврши упад во магацините каде што се пакува помошта.
Дури, нивната лудост отиде до таму да приведуваат млади учесници во хуманоста. На крајот, ваквата црна пропаганда заснована на лажни вести и погрешно прикажување во јавноста на хуманитарната акција, заврши неславно за ВМРО-ДПМНЕ.
Се покажа дека акцијата е спроведена без соодветна аминистративна процедура. Но, се покажа дека на легален и транспарентен начин, хуманитарната помош во Струмица ја прибира невладина организација која потоа ја предава на општинскиот кризен штаб и преку волонтери на општинскиот штаб се дели на социјално ранливи граѓани.
На хуманитарните пакети со прехрамбени продукти, кои што се делат на ранливи граѓани во Струмица нема партиски обележја туку информации за заштита од коронавирусот.
Со мало истражување на социјалните мрежи може да се види дека ВМРО-ДПМНЕ не е искрена кон јавноста и ги толкува работите преку нивна партиска призма, злоупотребувајќи надлежни институции.
Во исто време кога обвинува активитисти на ВМРО-ДПМНЕ, па и функционери од оваа партија одат на терен, кај сиромашни граѓани делат помош а за тоа се фалат на социјалните мрежи.