Реакција на ОО СДСМ Струмица за испишаните графити во градот!

март 3, 2020

Реакција на ОО СДСМ Струмица за графитите во градот испишани од ВМРО ДПМНЕ

Се тече, се се менува, само ВМРО ДПМНЕ никако да се промени, а тече ли тече кон својот понор. Ова е заклучокот од графитите со кои осамна градот, а се дело на најголемото зло во државата. Од ВМРО ДПМНЕ и не може друго да се очекува.

Содржината на графитите не заслужува посебен коментар, но не е лошо да знаат авторите на истите кога пишуваат „Обновата доаѓа“ тогаш се добро прочитани.
Тие праќаат порака за обнова на криминалот, обнова на режимското владеење, обнова на партизирана држава и обнова на окупираната слобода со која повторно сакаат да ги замолчат граѓаните.

Кога пишуваат „Никогаш Северна, само Македонија“ тогаш се прават како да не се од тука, иако добро знаат дека оваа наша татковина и сега гордо си го носи името Македонија со нужната додавка Северна која отвори широки врати кон иднината.

И конечно, кога од ВМРО ДПМНЕ пишуваат „Заев готов си“ тогаш сосема се во право, бидејќи Заев е готов за убедлива победа на 12 април.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ