ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ ОТВОРИ КАНЦЕЛАРИЈА ВО СТРУМИЦА ЗА НЕПОСРЕДНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИТЕ!

јуни 12, 2021

Зоран Заев, премиер на Република Македонија:

Во Струмица денеска отворивме канцеларија за непосредни средби со граѓаните. Оваа канцеларија е уште една алатка за комуникација, место каде што граѓаните ќе можат да ги адресираат своите прашања, проблеми и предлози.

На едноставен и лесно достапен начин секој граѓанин од Општина Струмица, но и од соседните општини, ќе може да закаже и да оствари комуникација со мене или со членовите и советниците во Владата.

Поддршка во овој процес граѓаните ќе добиваат од вработените во Канцеларијата, меѓу кои е и Душка Белчовска, мајка на Верица, девојката која преку најголемиот хуман чин – донација на органите, спаси повеќе човечки животи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: