ОО СДСМ СТРУМИЦА: За само две години Владата предводена од СДСМ покажа што значи вистинска грижа за граѓаните!

јули 25, 2019

Прес конференција на Каролина Дончева, член на Извршниот одбор на ОО СДСМ Струмица

За само две години Владата предводена од СДСМ покажа што значи вистинска грижа за граѓаните

Почитувани граѓани,

За Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, сите сме еднакви, секој човек е важен. Затоа во сите области се спроведуваат реформи, кои носат подобар живот и даваат надеж за сите нас. Заедно одиме напред. ЗБОРОТ ВАЖИ.

За само 2 години Владата предводена од СДСМ покажа што значи вистинска грижа за граѓаните обезбедувајќи повеќе пари за нив и нивните семејства.

За прв пат во Македонија се воведе минимален гарантиран приход со цел најранливите категории да ги извлече од сиромаштија, но и се воведе целосно нов концепт за заштита на граѓаните и на детските права, како и за активирање на пазарот на трудот на работоспособните кои што користеа социјална помош.

Со отворањето на системот за лицата со ниски примања се зголемува бројот на корисници на детски додаток од 3.200 тој ќе порасне на 73.500.

Со воведувањето на новото право – додаток за образование наменето за деца од основното и средното образование и од семејства со ниски примања, 64.316 деца ќе примаат образовен додаток, наместо 3.800.

Социјалната реформа го зголеми социјалниот надоместок за 300 отсто.

Платите продолжуваат да растат.

Вработените во детските градинки добија повисоки плати за 16 отсто. Во септември е планирано ново покачување на платите од 5 отсто, со што вработените во детска заштита за една година ќе имаат зголемување од 21 отсто што е најголемо досега.

Платите на социјалните работници се зголемија за 22 отсто, со што се враќа достоинството на социјалниот работник.
Се воведува и социјална пензија за граѓаните кои го граделе нашето општество. Оваа мерка ќе ја користат повеќе од 6.000 граѓани на возраст од над 65 години, кои немаат работен стаж и друг извор на приход.

Почитувани граѓани,

Владата предводена од СДСМ ќе продолжи со реформите во социјалната сфера градејќи општество кое е заедничко, праведно и еднакво. За оваа Влада, ЗБОРОТ ВАЖИ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: