КОСТА КОСТАДИНОВ КАКО ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА ВО ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА СОВЕТ НА ЕВРОПА, БЕШЕ ДЕЛ ОД СЕДНИЦАТА КАДЕ ОБРАЌАЊЕ ИМАШЕ АНГЕЛА МЕРКЕЛ!

април 20, 2021

Коста Костадинов – пратеник од редовите на СДСМ:

Почитувани граѓани во тек е априлската сесија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа.
Како шеф на делегацијата, денес имав можност да го следам инспиративниот говор на Германската канцеларка г-ѓа Ангела Меркел.

Се потенцираше важноста на улогата на Советот на Европа, споделувањето на вредностите, делувањето во делот на заштита на човековите права.

Владеењето на правото, заштитата на човековите права, борбата против корупцијата е клучна за граѓаните да имаат доверба во своите држави, улогата на Советот на Европа е голема во однос на овие прашања.

Важна е соработката помеѓу државите, ниту една држава не може сама да се справи со предизвиците на модерното време, какви што се борбата до Ковид-19 пандемијата, климатските промени, сајбер безбедноста.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ