Home

Perdormire
СДСМ Струмица

КОСТА КОСТАДИНОВ ВЕТИ НОВ УЧЕНИЧКИ ДОМ ВО СТРУМИЦА!

Home

Коста Костадинов, кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ:

Воден од помислата дека воспитно‐образовниот процес е темелот на иднината, Општина Струмица континуирано ги поддржува и стимулира можностите за развој на образовните институции и условите за работа на образовниот кадар. во рамки на проектот „Учи паметно, работи стручно“.

Вкупно 150 ученици се запишаа во прва година во една од 6‐те дуални паралелки кои се отворија во двете средни училишта, со што практично започна реализацијата на овој модел на образование во Струмица.

Денес сме во дворот на земјоделското училиштето “Димитар Влахов” каде е планирано да биде изграден нов ученички дом. Објект кој ќе ги задоволи сите потреби, стандарди и квалитетни услови за учениците.

Во приземјето на ново предвидената градба планирано е да биде сместена кујна за подготовка на храна за корисниците на ученичкиот дом, гардероба и санитарни јазли за вработените, како и ресторански дел кој ќе ги опслужува и кадарот и учениците. Предвидена е училишна библиотека за сите ученици од средното училиште. На секој кат се предвидува и читална која учениците може да ја користат за завршување на секојдневните обврски поврзани со училишните задачи.

Со ваков пристап, преку синергија на различни општествени аспекти со цел обликување на идните генерации, Општина Струмица ќе продолжи да создава нови можности и перспективи за своето поколение.

Од срце, за Струмица!❤️