Коста Костадинов, кандидат за пратеник од редовите на СДСМ во Струмица:
Невладиниот сектор ,етички коректив на општеството !
Политичарите се бираат да овозможат живот кој ќе ни даде мир, љубов, слобода, среќа … Но, за жал, многумина од нив го изиграа народот и нé натераа да живееме нагонски – животински. Токму затоа крајно време е да најдеме начин да им покажеме и докажеме дека има еден огромен број прашања на кои, можеме да понудиме подобар одговор.
Мојата лична среќа е тоа што живеам во време кога улога на невладините организации многу конкретно имав можност да ја осознаам, проверам, оценам и вреднувам.
Среќата е во тоа што живеам во време кога мојата држава од еден систем се обидува да дорасне до друг, за кој смета дека е подобар. Токму ова чувство-сознание беше причина која ме убеди во оправданоста на разгледувањето на етиката во работата на невладиниот сектор и неговото значење како етички коректив на општеството до неговата целосна демократизација.