strumica denes logo

СТРУМИЦА: ТРОТИНЕТИТЕ ПОД ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА – 113 ПРЕКРШОЦИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ!

Автор:

Датум:

октомври 18, 2026

Автор:

Датум:

октомври 18, 2026

Во текот на септември, полицијата регистрирала 113 сообраќајни прекршоци кај возачите на електрични тротинети на подрачјето на СВР Струмица.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, прекршоците биле утврдени при засилени сообраќајни контроли, насочени кон откривање и санкционирање на непочитувањето на сообраќајните прописи. За констатираните неправилности биле преземени соодветни законски мерки.

Од МВР најавуваат продолжување на контролите и во наредниот период, со посебен акцент на користењето заштитна опрема, почитувањето на сообраќајните правила и движењето по пропишаните површини.

До возачите на електрични тротинети се упатува апел задолжително да носат заштитна кацига и да управуваат одговорно, без да ја загрозуваат безбедноста на пешаците и на останатите учесници во сообраќајот.