Perdormire
СДСМ

КОСТА КОСТАДИНОВ ОД СТРУМИЦА: ВАЖНО Е ДА СЕ ИЗЛЕЗЕ НА ИЗБОРИТЕ НА 15 ЈУЛИ КОИ ЌЕ БИДАТ 100% ЗДРАВСТВЕНО БЕЗБЕДНИ!

Коста Костадинов, кандидат за пратеник во Струмица од редовите на СДСМ:

Денеска од мојот роден град Струмица сакам да испратам неколку важни пораки до граѓаните.

Многу е важно граѓаните да излезат на изборите на 15 јули кои ќе бидат 100% здравствено безбедни и да го дадат својот глас кој ќе биде пресуден по кој пат пат нашата земја ќе продолжи да оди.

По правиот пат на сигурноста и безбедноста што го трасира СДСМ или по патот на незивесноста, режимот, поделбите и стравот што ги остави зад себе ВМРО-ДПМНЕ.