КОСТА КОСТАДИНОВ ГО ПОСЕТИ ТУРСКОТО МААЛО И ДОБИ НОВА ФРИЗУРА ОД СУЛЕЈМАН!

февруари 9, 2020

Струмичкиот пратеник од редовите на СДСМ Коста Костадинов, заедно со претседателот на младите на СДСМ-Струмица Столе Коциров вчера го посетија турското маало и разговараа со неговите жители. Костадинов исто така доби и нова фризура од Сулејман кој е надалеку познат со неговиот талент. Во продолжение погледнете што објави Костадинов на неговиот фејсбук профил:

„Денеска бев во моето турско маало, разговарав за предизвиците на моите другари кои живеат таму и за сите мерки и активности кои ги превземаме како одговорна власт.

Потврдивме дека со СДСМ и турското маало е на прав пат!“

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ