Home

Perdormire
СДСМ Струмица

КОСТА КОСТАДИНОВ: „Чешел“ пазарот ќе прерасне во боемски парк, а ќе се изгради нов градски пазар!

Home

Во синоќешната ТВ-дебата на „Телевизија 24“, кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ Коста Костадинов, рече дека „Чешел“ пазарот во Струмица ќе прерасне во боемски парк во кој струмичани ќе уживаат, а ќе се изгради нов градски пазар.

„Свесен сум дека од мене, како иден градоначалник се очекува градот и општината да одат напред” – рече Костадинов.