strumica denes logo

ИНТЕРВЈУ НА СТРУМИЦА ДЕНЕС СО КОСТАДИН КОСТАДИНОВ: ЗА МЕНЕ НАЈВАЖНО Е ДА ИМ СЛУЖАМ НА ГРАЃАНИТЕ, НА СТРУМИЧАНИ!

Автор:

Датум:

јуни 28, 2020

Категории:

СДСМ

Автор:

Датум:

јуни 28, 2020

Категории:

СДСМ

Костадин Костадинов им е познато лице на струмичани – за првпат го запознаа кога во 2016 година од Зоран Заев го презеде градоначалничкото место и ја извршуваше функцијата вд градоначалник сѐ до наредните локални избори, во 2017 година. Тогаш беше наследен од актуелниот градоначалник Коста Јаневски, а тој, стекнувајќи го статусот пратеник, го доби правото да ги претстaвува интересите на граѓаните во Собранието.

На нашето прашање што граѓаните треба да очекуваат од неговиот нов мандат на работење, тој нагласува дека досегашното искуство му дава јасна претстава за моменталната состојба и проблеми со кои се соочуваат граѓаните и дека токму тоа е клучот за нивно успешно решавање.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Дел сте од листата на предложени пратеници во ИЕ4. Што можете да им ветите на граѓаните, особено на оние од Струмица, ако одново влезете во улога на нивен пратеник во Собранието?

КОСТАДИН КОСТАДИНОВ: На самиот почеток, дозволете да се заблагодарам на Вашиот интерес за ова интервју. Посебно сакам да Ви оддадам почит, за огромниот придонес што медиумите го дадоа во битката со пандемијата. Вашата улога во навременото и вистинито информирање на граѓаните е непроценлива. Верувајте без Вашата поддршка никој не може да справи со ова планетарно зло.
Затоа, во услови кога здравствениот систем се справува со предизвикот со кој се соочуваме, Вие медиумите сте најголемата поддршка на нашите граѓани и институции за подобро, поуспешно и најтранспарентно да се справиме со со непознатиот непријател. Ви благодарам од се срце. Како човек и како политичар.

Во однос на прашањето, за мене е неверојатно голема честа да се претставува Струмица. Јас таа привилегија ја имав и како в.д градоначалник и како пратеник во Македонскиот Парламент. Ја сум роден во Струмица, изразнасав и живеам во овој град и од корен ги препознавам проблемите со кој се соочуваат струмичани и жителите на целиот овој регион. Затоа сум убеден дека во соработка со Владата предводена од СДСМ ќе направиме се Струмица и струмичкиот регион да се развива и унапредува во сите сегменти.

Како партија нудиме сериозна и реална програма која обезбедува брз и ефикасен развој. Но, особено внимание посветуваме на земјоделците. Обезбедуваме силна поддршка за земјоделците од 200 милиони евра годишно, обезбедуваме платежна картичка за субвенционирање на 50 проценти од зелената нафта за земјоделците, проект кој опфаќа огромен број земјоделци. Нудиме низа мерки за поддршка кои ќе значат развој на оваа гранка од стопанството, која е од исклучително значење за нас. Тоа се покажа и во услови на оваа сериозна здравствена криза.

Ние го цениме трудот на граѓаните, на работниците. За нас тие се најважниот капитал. Затоа во наредниот мандат гарантираме раст на минималната плата за 40 проценти, обезбедуваме раст на просечната плата за 30 проценти. Имаме конкретни мерки за поддршка на занаетчиите, тие ќе станат симбол на нашата традиција. Затоа стојам на зборот дека минималната плата ќе расте, што всушност и на дело покажавме со законот за минимална плата,со што минималната плата во нашата држава ја зголемивме од 9.000 денари на 12.000 денари за потоа дополнително да ја зголемиме на 14.500 денари.За жал бевме сите сведоци како тоа беше бојкотирано директно од партијата ВМРО-ДПМНЕ, што преку партиски прес конференции,што преку пратениците во Парламентот.

Земјоделците ќе продолжат да ги чувствуваат придобивките на вреднување на нивниот труд( како и во последните три години): Субвенции, цени, гарантирано пензизко осигурување,воведувањето на зелената нафта првично со 30% за потоа за време на оваа здравствена криза ја зголемиме на 50% и низа од мерки за Подобар живот. Струмица и струмичко од регион заборавен од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ,до центар на ЈПР. Факт е и граѓаните многу добро знаат дека цели 11 години власт на ВМРО-ДПМНЕ за овој регион немаше,а уште помалку беше реализиран некој значаен инфраструктурен проект.

За само 2.5 години власт на СДСМ нашиот регион доби значително големи проекти како што се рехабилитација на патен правец Струмица-Ново Село до Бугарска граница, реконструкција на влезовите во градот,комплетно нов пат Ново Село-Старо Коњарево, во тек на реализација е патен правец Колешино-Банско кој очекуваме да биде готов за многу брзо време, патот Радовиш-Струмица е рехабилитиран и низа други проекти.

Дополнително во вториот мандат на СДСМ,Струмица и струмичко ќе добијат инфраструктурни проекти како: експресен пат Смоквица-Струмица,Струмица-Ново Село до Бугарска граница,станува збор за целосно нова траса, која нема да поминува низ ниту едно населено место со што максимално е запазена безбедноста на граѓаните. Обиколница во Струмица која практично ќе го врзува експресниот пат Смоквица-Струмица кон Радовиш. Магистралниот пат Струмица-Дабиле ќе биде реконструиран со 4 ленти, регионалниот пат Струмица-Суви Лаки- Берово ќе биде целосно рехабилитиран. Регионалните патни правци ќе добијат целосна реконструкција.

Конечно моите сограѓани од струмичкиот регион ќе добијат современ Клинички здравствен дом, после 30 години. Ова драги пријатели, запомнете, го почнавме во изминатите три години и го завршивме.Инвестиравме и во здравството секаде подеднакво. Конечно можам да соопштам, дека после 33 години Струмица и струмичкиот регион добија современ клинички здравствен дом. 33 години овој проект беше одложуван, забораван, маргинализиран. Но, ние го завршивме за само три години.

За тоа што е направено и што треба уште да се сработи во Струмица и во земјата воопшто, можам да зборувам уште многу. Културното наследство е исто така многу важно за мене. Јас ќе инсистирам на унапредување на позицијата на струмичкиот Народен театар и негово одделување од НУЦК “Антон Панов“, секако збогатен со детска сцена, поддржана од Министерството за култура на Македонија. Потоа, неопходна е поддршка и допоплнителни средства за развој на уметноста и културата во струмичко, достојни за реализација на идејните решенија. Да не ги редам културните манифестации, но ќе споменам, каде се Русалиите, само како пример.

Но, она што за мене е еден од врвните приоритети е посебно да се посветиме на младите. Мора да обезбедиме соодветна поддршка за младите да останат тука, во нашата држава, во нашата Струмица да ја гледаат својата перспектива. Додека сум жив и додека се занимавам со реализација на интересот на моите сограѓани, нема да дозволам миграција од овие од бога дадени ресурси.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Дали се познавате лично со некој од предложените кандидати за пратеници во ИЕ4 од ВМРО-ДПМНЕ ? Сметате ли дека граѓаните ќе имаат тежок избор помеѓу потенцијалните пратеници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во оваа изборна единица?

КОСТАДИН КОСТАДИНОВ: Интересно е кога ме прашувате за моите политички противници предложени од ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ4. Да, ги познавам лично. За жал, повеќето од нив не се истите оние личности, кои беа пред да бидат ставени на листите на ВМРО-ДПМНЕ.

Мислам дека е штета што и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, но еве и кандидатите за пратеници од секаде, па и од Струмица, не сфатија дека за да тргнат напред, за да ја стекнат повторно довербата од граѓаните ќе мора јавно и конечно да се оградат од политиките на Никола Груевски. Тие тоа не го сторија, продлжија со заштита на криминалот и на корупцијата, но и со низа други политики кои директно одат на штета на граѓаните.

Па, видете, дури и мерките за заштита од коронавирусот им е тешко да ги почитуваат. Тргнувајќи од Мицкоски, кој одеше по теретани и кафеани , кога тоа беше забрането, па и цело ВМРО-ДПМНЕ кое организира кампања без никаква заштита. Тоа граѓните го гледаат и го оценуваат. И оттука изборот на 15 јули им е лесен и едноставен. Јасно е дека ќе се одлучат за просперитетна и европска иднина, за безбедна држава која е во сојуз со најмоќните, наспроти мрачното минато и мрачните политики што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително, верувам дека ќе има доволно дебатни емисии и тв дуели, па граѓаните повторно ќе ја потврдат разликата меѓу нас. Кој се грижи само за личните и партиските интереси, а кој за успех и напредок на цела државата, за секое домаќинство.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Веќе имате големо искуство во политиката. Извесен период бевте вд градоначалник на Струмица, а имавте можност да седнете и на пратеничкото столче. Која функција ја сметате за соодветна за себеси? Прашањето Ви го поставуваме бидејќи луѓето зборуваат дека ќе Ве видиме на наредните локални избори како кандидат за градоначалник.

КОСТА КОСТАДИНОВ: За мене е најважно успешно да им служам на граѓаните, на струмичани. Да работам во интерс на сите. Со задоволство можам да кажам дека тоа досега успешно го правев и на локално и на централно ниво. Оттука, сум убеден и сигурен дека граѓаните ги препознаваат вистинските вредности, гледаат кој работи за економска стабилност и просперитетна иднина и затоа повторно ќе ја добијам поддршката.

Предизвик е да се работи и на локално и на централно ниво. Но, морам да нагласам дека во некои сегменти тие два аспекта се тесно поврзани. Јас и во минатото докажав дека и како пратеник ги застапувам интересите на струмичани и на целиот регион. Па и изградбата на Здравствениот дом во Струмица е доказ за тоа. Како пратеник, заедно со моите колеги сторивме се овој проект да се реализира.

Затоа независно на која позиција сум, интересите на моите сограѓани, но и на сите граѓани воопшто, за мене се најважни. Јас и моите коелги пријатели од СДСМ не калкулираме, ниту со личните, ниту со партиските интерси. Туку заедно работиме за доброто на граѓаните и на целата држава.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Кои се трите постигнувања на вашата партија од изминатиот мандат, на коишто сте особено горд? Има ли нешто кое остана нереализирано и ќе се залагате за негово реализирање во текот на наредниот мандат?

КОСТА КОСТАДИНОВ: Ако зборуваме за реализирани проекти, за она што е завршено, за она каде сме денеска, а каде бевме пред само три години има да се зборува многу. Јас сум навистина горд, затоа што со отворено срце можам да кажам дека постигнавме многу. Република Северна Македонија од заборавена, заробена држава, стана члнка на НАТО, ја обезбедивме нашата безбедна иднина, станавма стратешки партнери со најмоќните земји во светот. Ги решивме со децении отворените прашања, постигнавме Договори со Грција и Бугарија, а притоа го обезбедивме нашиот македонски идентитет, го обезбедивме нашиот македонски јазик.

Ги почнуваме преговорите со Европската унија. Ви гарантирам дека во наредните четири години со интензивна динамика ќе отвориме 80 проценти од Поглавјата за преговори со ЕУ. Тоа значи целосна имплементација на европските вредности. Тоа за нас е најважното. Да станеме европска држава, не само формално, туку и суштински.Покажавме дека знаеме како тоа да го направиме, а верувајте можеме уште повеќе, можеме уште подобро.Тука се и низа економски мерки, но јас ќе споменам само неколку: ветивме покачување на минималната плата ја покачивме. Ветивме покачување на просечната плата, ја зголемивме. Обезбедивме силна поддршка за стопанството, развој на патната инфраструктура, инвестиции во здравството, го решивме проблемот со стечајците, социјалната помош е за 300 проценти повисока…Затоа сум горд на се што направивме за толку кратко време. Имаме стратегија, имаме знаење, имаме желба за работа.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Дали сметате дека дел од критиките на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во однос на вашето работење се основани и треба да ги имате во предвид, ако успеете да стигнете до нов мандат?

КОСТА КОСТАДИНОВ: Јас и како политичар и како човек сум секогаш отворен за критика. Критиката е здрава работа и отвора можности за подобрување. Но, за жал јас во ВМРО-ДПМНЕ не гледам аргументирана критика, туку само еден неуспешен обид со лажни вести, со лаги и манипулации да се оцрни противникот, вклучително и мене. За жал, ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од тој шаблон што го создаде Никола Груевски. Тоа е истата таа матрица. И затоа не можат да тргнат напред. Не расчистиле со минатото.

Политичкиот натпревар е едно, но за интерсите на граѓаните треба да работиме сите. А тие тоа не го прават. Тие се уште го штитат тесно-партискиот и личен интерес и затоа е многу тешко со нив да се соработува, па и за некои прашања да се најде заеднички јазик.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: За крај, што би им порачале на струмичани?

КОСТА КОСТАДИНОВ: Мојата порака е јасна и едноставна. Моите струмичани и сите граѓани на нашата земја знаат дека ни претстои просперитетна европска иднина. Сите ние заедно, обединети нема да дозволиме да се врати мрачното минато. Тргнавме напред и ќе продолжиме по тој пат. СДСМ направи многу за толку краток период, но не чека уште многу работа. На дело покажавме дека имаме чесен и транспарентен пристап. Затоа сметам дека изборот на 15 јули ќе биде едноставен, после што продолжуваме заедно напред, бидејќи сме на вистинскиот пат.
Можеме уште повеќе и уште подобро.

Од срце за мојата Струмица!