ИЛИНА ВРЕШКОВА ОД СДСМ-СТРУМИЦА: ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ОД СТРУМИЦА НЕ ГЛАСАА ЗА ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД!

февруари 8, 2020

Прес конференција на Илина Врешкова –
ОО СДСМ Струмица

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го усвои Законот за управување на отпад со што се забранува увоз на отпад кој се користи како извор на енергија.
Ставаме ред во увозот на отпад и се грижиме за животната средина.
Никогаш повеќе нема да дозволиме некој заради блискост со партија да превезува и складира опасен медицински отпад кој директно го загрозува здравјето на граѓаните.
Но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ иако лажно велеа дека се загрижени за животната средина, не го гласаа Законот за управување со отпад.

Уште еднаш на дело се потврди лицемерието на пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица.
Тие се против здрава животна средина и работат на штета на интересите и здравјето на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ е најодговорна за сканадалот со несоодветното складирање на опасен медицински отпад од фирмата Еко клуб која е блиска до нив.
Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ и деструкцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа на 12 април ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ќе загубат а најубедлив пораз ќе доживеат токму овде во Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ