Даскаловски: НАТО и ЕУ се семејства на здружени партнери со кои ја гарантираме иднината на нашите деца

септември 14, 2018


Интегрален текст од прес конференцијата на Марјан Даскаловски, претседател на ОО СДСМ Струмица

Почитувани сограѓани,

МАКЕДОНИЈА СЕ ПРИКЛУЧУВА КОН ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО.

ЕВРОПА И СВЕТОТ ГИ ОТВОРИЈА ВРАТИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА. СЕДНУВАМЕ НА ГОЛЕМИТЕ МАСИ, РАМО ДО РАМО СО НАЈСИЛНИТЕ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ, РАМНОПРАВНИ, ПОДДРЖАНИ ОД НАШИТЕ СОЈУЗНИЦИ.

Светот ја препозна промената и ни даде шанса како никогаш до сега. Се отворија вратите за нашето полноправно членство во НАТО и за почеток на преговори за членство во ЕУ. Земјите членки на двата најголеми сојузи сакаат да ја видат Македонија рамноправна, со право на глас во семејството на западните демократски држави.

Стануваме дел од семејства кои ја гарантираат нашата стабилна и сигурна иднина. НАТО и ЕУ се семејства на здружени партнери со кои ја гарантираме иднината на нашите деца. Сега треба да го направиме следниот чекор. Време е за нова правилна одлукa. Таа одлука ќе ни донесе стабилност и подобар живот.

Ќе се зголемат фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура. Ќе се градат нови патишта, мостови, водоводи, канализации, училишта и градинки, за подобар живот на сите граѓани, за подобро утре на нашите деца.Ќе се зголемат фондовите за земјоделците. Повеќе европски средства за субвенции, за механизација, за повисок приход, подобар производ и за пласман со подобри цени.

-Вкупната годишна EУ помош за Македонија изнесува 90 милиони евра односно 260.000 евра дневно.

-Влегуваме во Унија од 500 милиони потрошувачи или 250 пати поголем од пазар од нашиот домашен.

-15.5 милиони евра годишно за Македонија преку ЕУ програмата за транспорт (фондови со кои се градат патишта, мостови, железници, тунели и друга инфраструктура)

-8.5 милиони евра европски пари за заштита на границите на Македонија во 2018 година

-15 милиони евра европски пари за земјоделството во Македонија за 2019 година

-18 милиони евра во 2020 година за реформи во правосудството и во полицијата во Македонија

Почитувани сограѓани, за ОВА вреди сите заедно да излеземе на 30 септември и да го дадеме нашиот глас за европска Македонија!

ОДЛУКАТА ЗА ИДНИНАТА ДА ЈА ДОНЕСЕМЕ ВО ЗАЕДНИШТВО.

ОПОЗИЦИЈАТА И СИТЕ КОИ СЕ ДВОУМАТ ДА ГО ПОДДРЖАТ РЕФЕРЕНДУМОТ НЕКА СЕ ПРИКЛУЧАТ – ЗАЕДНО ДА ЈА ОДНЕСЕМЕ МАКЕДОНИЈА КОН ПОДОБРА ИДНИНА ВО ЕУ И НАТО.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ