КОСТАДИН КОСТАДИНОВ: Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ – СДСМ носи сојузници, ВМРО-ДПМНЕ нуди конфликт!

јуни 26, 2020

Прес конференција на Костадин Костадинов, портпарол и кандидат за пратеник од СДСМ.

Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ – СДСМ носи сојузници, ВМРО-ДПМНЕ нуди конфликт.

Од едната страна е членството во НАТО,
од другата страна е белата барокна палатa.

Од едната страна се Брисел и преговорите со ЕУ,
од другата страна се Хунзите, Белизе и Субрата Роj.

СДСМ нуди кадри кои земјата ја однесоа на прав пат,
ВМРО-ДПМНЕ ги нуди луѓето на Груевски.

Пред три години нашата држава беше во длабока изолација, заробена во режим, скарана со соседите, без никаква евроинтегративна перспектива.

Процесите на интеграција во ЕУ и НАТО беа на маргините, додека режимот правеше се за да ја држи земјата што подалеку од двата најмоќни светски сојузи.

За само три години, преку одговорни, државнички политики, успеавме да ја вратиме државата на правиот пат, на патот на евроинтеграциите.

Денес сме 30 земја членка на НАТО, еднакви во насилниот и најважен воено-безбедносен сојуз. Нашите граници се трајно обезбедени, а нашата национална безбедност и сигурност никогаш не биле на повисоко ниво.

Никогаш повеќе нема да сме сами и незаштитени. Тоа значи сигурна иднина за сите нас и за сите наши деца и гарантиран брз економски развој. Нови инвестиции, нови работни места и повисоки плати за сите. Ја модернизираме Армијата по светски стандарди. И дополнително преку влезот во НАТО системот нашите фирми добиваат пристап до пазар од 4 милијарди евра годишно.

Членството во НАТО е влезна карта за ЕУ. Подготвени сме, знаеме и можеме до 2024 да отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ. Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за Северна Македонија. Тоа се повеќе пари за справување со корона кризата, за новата македонска економија, за зелена агенда, енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водовод. Тоа се европски пари за европски стандарди дома.

ВМРО-ДПМНЕ три години правеше се да го блокира напредокот кон ЕУ и НАТО, се промовираше како анти ЕУ и анти НАТО партија предводена од антизападниот Мицкоски.

Мицкоски навиваше да не се случи приемот во НАТО, да не започнеме преговори со ЕУ, а кога формално се случи влезот во НАТО не смогна сили ниту да го честита историскиот успех на државата.

Денес Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се закана за членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ, тие нудат само обнова на режимот, тие сакаат државата да биде изолирана, да ги манипулираат граѓаните со лажни митови и лажен патриотизам додека парите завршуваат во белиот дворец.

Но граѓаните тоа нема да го дозволат, нема враќање на изолацијата и обнова на режимот, на 15 јули тие ќе одберат да продолжиме на прав пат кон ЕУ и НАТО.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ