strumica denes logo

Османи ја повика Русија веднаш да го прекине огнот: Обединети сме во поддршката на Украина и Украинците!

Автор:

Датум:

јули 5, 2023

Автор:

Датум:

јули 5, 2023

Летната сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ се одржува во време на големи предизвици за Организацијата, за безбедноста и за соработката – нашите клучни вредности. Во услови на воена агресија на Русија врз Украина, наша цел како Претседавачи со ОБСЕ е да ги почитуваме нашите обврски, да ја зачуваме функционалноста на Организацијата и да бараме начини за враќање на дијалогот.

Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во денешното видео обраќање на Летната сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ што се одржува во Ванкувер, Канада.

„Нема да правиме компромис со овие принципи. Суштински дијалог може да се води само во линија со овие принципи и во согласност со меѓународното право. Во таа насока, ја повикуваме Руската Федерација веднаш да го прекине огнот. Обединети сме во поддршката на Украина и Украинците кои страдаат и одлучно ги осудуваме руските воени злосторства”, рече Османи во своето обраќање.

Османи се заблагодари за работата на парламентаците и нивната вклученост во застапување за правата на повеќе од една милијарда луѓе од целиот регион за ОБСЕ. Само преку директно учество и разбирање на потребите на луѓето, можеме да поттикнеме политичка волја за надминување на моменталните предизвици, потенцираше Османи.

„Војната во Украина останува наш врвен приоритет, но високо на нашата агенда се сите долготрајни конфликти и нестабилност во регионот на ОБСЕ што директно влијаат на животот на луѓето. Затоа од исклучителна важност е да ги активираме сите механизми и капацитети на ОБСЕ со цел да го поддржиме мирот и соработката”, рече Османи.

Османи пред околу триста делегати на Парламентарното собрание на ОБСЕ уште еднаш ги претстави приоритетите на Претседавањето на Македонија со Организацијата и побара политичка посветеност и иницијативи што заеднички ќе придонесат за зајакнување на демократијата и парламентарната дипломатија во регионот на ОБСЕ.