НОВО: Заев ќе биде и премиер и министер за финансии!

Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри, што ќе го достави до Собранието во текот на денот. Според предлогот, тој најави дека министерот за финансии, Драган Тевдовски ќе биде сменет, а на негово место ќе биде лично тој.

Инаку, последната мерка која ја воведе министерот Тевдовски е повратот на ДДВ или „Мој ДДВ“, која заедно со премиерот Заев ја промовираа, како една од мерките за граѓаните.

Заев рече дека се надева оти во следната недела ќе биде ставен на дневен ред неговиот прелог. По реконструкција на Владата, премиерот најави дека ќе следуваат и промени во вториот и во третиот ешалон, со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

Автор:

Датум:

јуни 23, 2019

Категории:

Политика