ИДНАТА НЕДЕЛА ЛИДЕРСКА СРЕДБА МИЦКОСКИ-КОВАЧЕВСКИ!

јуни 2, 2023

Мицкоски се уште нема информации ниту кога ниту каде ќе се одржи средбата со Ковачевски.

Она што е јасно е дека на средбата ќе оди со непроменет став за уставните измени и барње за предвремени избори.

Кога и да се одржат изборите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повика на масовна мобилизација и поддршка од граѓаните, за СДСМ и ДУИ да заминат во опозиција.

Од СДСМ пак најавуваат дека лидерска средба ќе има следната недела, по што ќе стане јасно дали Мицкоски е за или против европската иднина на државата. Одговорноста велат е кај сите 120 пратеници.

Во меѓувреме, Владата се уште ја чека иницијативата за уставни измени што ја подготви работната група. Не се исклучува можноста иницијативата да претрпи одредени измени по лидерската средба пред да биде испратена до Собранието.

Во првата собраниска фаза пратениците треба да ја изгласаат потребата од измени на Уставот за што ќе биде потребно 2/3 мнозинство, кое власта се уште го нема.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ