ВЛАДИМИР РИСТОВ: Градоначалникот Костадинов не ги исполнува ветувањата дадени кон младите, а Струмица од град со високо ниво на младинска вклученост се претвори во град каде младите ги користат за ПР!

август 12, 2022

Владимир Ристов, советник во општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Градоначалникот Костадинов не ги исполнува ветувањата дадени кон младите, а Струмица од град со високо ниво на младинска вклученост се претвори во град каде младите ги користат за ПР.

Денес е Меѓународниот ден на младите. Сакам да и го честитам денот на сите младите. Бидете активни, бидете гласни во своите барања, барајте да бидете вклучени во процесите на одлучување во Општината.

Како долгогодишен младински активист сакам да упатам критика во менаџирањето на Општината во однос на младинската вклученост и процесот на донесување на одлуки од страна на младите.

❌ Организациите на млади формирани од општината не функционираат.

Струмица не стана европски град на младите и покрај ветувањето на Градоначалникот Костадинов. Општината мора многу да преземе во овој дел со цел Струмица да ја добие оваа титула. Струмица од град со високо ниво на младинска вклученост се претвори во град каде младите ги користат за ПР. Младинскот Совет и Детскиот парламент формирани 2008 година не постојат во времето на мандатот на Костадинов. Младинскиот парламент и комисијата за млади при Совет на Општина Струмица формирани 2010 исто така не постојат. Канцелариите за млади во средните училишта не функционираат. Советот на млади не е започнат со функционирање. Стратегијата за млади е со поминат рок до 2020 година и нема нова. Општина Струмица нема ниту младински центар кој со закон треба да го има, нема ниту Младински кулутрен центар, ниту младински бизнис инкубатор.

🟢 Предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Дом на АРМ да биде Младински Културен Центар

Амандманот на ВМРО-ДПМНЕ, Дом на АРМ да биде Младински културен центар за креативна реализација на младите и во која ќе биде сметена и канцеларијата за млади беше одбиен од страна на градоначакникот Костадинов. За младите да бидат чинители во донесувањето на одлуки во Струмица треба сериозно да се поработи. И по една година од мандатот изборните приорите за млади во Струмица од програмата на Костадинов не се ни започнати.

Што вети, а не исполни Костадинов:

Го нема ветениот старт уп инкубатор, нема нов младински центар, ја нема младинската картичка – Моја Струмица, мал градски парк не е слободна младинска ИТ зона, нема младински саем. Но досега не се исполнија ниту ветувањата за адреналнски парк, луна парк, затворен базен и многу други.

Исто така не се исполнија ниту ветувањето од мандатот кога Костадинов беше советник и ВД Градоначалник, а тоа се повеќенаменска хала за младински настани, пeинт бaл терени, голф терени, велесипедска патека Струмица – Габрово и многу други.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ