ОПШТИНА ВАСИЛЕВО ЗА ПРВПАТ ОБЕЗБЕДИ ПАРИЧНА ПОМОШ ОД 2500 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ!

август 24, 2023

Славе Андонов, градоначалник на општина Василево:

🙋‍♀️🙋‍♂️Се грижиме за младите семејства и преземаме мерки кои ги стимулираат најмладите, мотивирани и подготвени да влезат во новата учебна година.

💰 Во екот на енормните поскапувања кои пак посебно се изразени кај училишниот материјал и за кои секој родител треба да одвои огромна сума на пари, како локална самоуправа одлучивме за првпат годинава да му олесниме на нашиот народ и овој за нив најсреќен ден, да остане запаметен како таков.

🏫 👫 Првиот училишен ден за секое прваче значи неизмерна радост и возбуда, но исто така и за нивните родители бидејќи нема поголема гордост од нашите деца.
Тој мора така да се запамети но не по финасиски грижи .

➡️Рокот за пријавување трае до 20 Септември.

🤝Со домаќинско и одговорно работење се реализираат многу проекти за прв пат во нашата општина

❤️ Влогот во најмладите е влог во иднината на Република Македонија!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ