ЗОШТО МАКЕДОНИЈА ДОЗВОЛИ ДА ВОСКРЕСНЕ ИМЕТО НА НАЈГОЛЕМИОТ КРВНИК? ОТВОРЕН КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ВО БИТОЛА КОЈ ГО НОСИ ИМЕТО НА ВАНЧО МИХАЈЛОВ!

април 17, 2022

Премиерот на Бугарија Кирил Петков вчера беше присутен во Битола по повод отворањето на култирниот центар „Иван Михајло“.

Ако бугарскиот клуб во Битола го именуваа „Христо Ботев“ или „Георги Димитров“, тогаш сите со симпатии ќе гледавме на тој клуб, како место за македонско-бугарско пријателство и можеби денеска ќе одевме таму на честитање.

Давајќи му го името на антимакедонецот и терорист Ванчо Михајлов (познат по синтагмата „македонистички говеда“), освен што ги провоцираат Македонците, организаторите си ги откриваат и вистинските намери, а тоа се великобугарските аспирации, антимакедонската пропаганда и негаторството на Македонците – и тоа среде Битола!

Време е Јавното обвинителство да се разбуди од длабок сон и веднаш да реагира со подигнување обвиненија против протагонистите на овој дрзок и непријателски чин. Дали во Србија би дозволиле хрватски клуб под име “Анте Павелиќ” или во Хрватска српски клуб “Дража Михаиловиќ”?

Дали ние воопшто имаме црвена линија за уцените од страна на Бугарија и ЕУ или мирно ќе гледаме како државата ни се понижува и бугаризира?

Зошто Македонија дозволи да воскресне името на најголемиот крвник на Македонија?

Ова се прашања кои со сигурност заслужуваат одговор!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ