strumica denes logo

ЗОРИЦА ЗАЕВА И Д-Р ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДОНИРАА ПЕРИКИ НА 15 ПАЦИЕНТКИ КОИ СЕ ЛЕКУВААТ ОД РАК НА ДОЈКА!

Автор:

Датум:

октомври 8, 2022

Автор:

Датум:

октомври 8, 2022

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“.

По повод одбележувањето на Октомври како месец за борба против ракот на дојката, госпоѓа Зорица Заева и Д-р Венко Филипче од име на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, во придружба на директорот на Универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија Д-р Нино Васев и вработени во Клиниката, донираа перики на 15 пациентки кои се лекуваат од рак на дојка на оваа клиника, посакувајќи им брзо и успешно оздравување.

Во услови кога расте бројот на заболени од карцином на дојка, но, за среќа, се намалува процентот на смртноста од ова малигно заболување, потребно е, повторно и повторно, да се укажува на најважните нешта кои се во функција на поефикасно справување со болеста.

Свесност, превенција, информираност, едукација, самопрегледи, редовни мамографски прегледи… тоа се клучните работи кои, во ова современо време, треба да ги знае секоја современа жена. Навременото откривање значи откривање реална шанса за живот.

Затоа, постојано апелираме – секоја жена навреме да се прегледува – навременото откривање е предуслов за ракот на дојка да биде може да биде излечен.

Сите заслужуваат здравје, сите заслужуваат живот. Борбата против ракот на дојката не е само нивна. Наша е, на секој од нас, на секој поединец, агенција, институција, невладина организација, фондација. Праќаме порака за борба, борба за живот.