На денешната седница Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на КОВИД-19:
➡️ Од 28 април забраната за движење почнува од 21:00 и ќе трае до 5:00 часот наредниот ден. Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај и вечерта меѓу 13 и 14 мај.
➡️ Угостителските објекти ќе можат да работат само во отворените делови (тераси) до 20:30 часот. Компаниите регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе можат да ја организираат работата само како ресторани на отворено (на терасите), а останува забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично.
➡️ Продолжува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол.
Повеќе информации за новите мерки:
ℹ vlada.mk/node/25027