strumica denes logo

Знааш оти си од Струмица само ако ги знааш тии работи!

Автор:

Датум:

ноември 17, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 17, 2018

Категории:

Струмица

Сме се изначитале интересни факти од типот „Знаеш дека си Македонец кога…“ „Знаеш дека си од Струмица ако…“ и сл., а тие се секогаш интересни и актуелни. Струмичани се особено уникатни со своите карактеристики, а се препознаваат сите и се чувствуваат горди поради тоа.

Знаеш дека си од Струмица ако…

1. У сабота си на штрек и не трепкаш да не испушташ некој минич!

2. Знааш оти нема леблебија, а уште га викаш леблебеџијска.

3. Чекаш 2 саата пред Бејкер да си купаш бурек од 25 денара и ѓеврек од 5 денара.

4. Ка си на гости викаш уште тај цигар и одам си, така викаш и за следните 5 цигара.

5. Дек ќе се најдеме? На кружнио или на центаро? Не, на поштата!

6. Ако на карневалите си маска у маска – тогај си струмичанец.

7. Шо ќе излеваме, ај ќе седаме на Fuck You!

8. Шо прааш? Ја маам си пачавиц`те!

9. Не си струмички ајнаџија ак не оош еднач барем на кафе денеска;

10. Струмичанец си ако јадеш фасуљ у петок!11. Знаеш дека си струмичанец ко ти е битно твојта куќа да е највисока у маалта (тва повеќе важе за гастрбајтерите)

12. Струмичанец си по дефиниција ако расол салата со црвен пипер е стандард зимска салата за тебе.

13. Струмичанец си ако барем еднач Сречко те има сликано градска шетња!

14. Немаш ли ајвер дома не си струмичанец.

15. Знаеш кој се Милица од Баница и Мајки, а Цеца еднач ти е пејала у живо за 10 денара.

16. Струмичанец си ако не си ојдел на диско од 98ма!

17. Струмичанец си ако еднач си и дадел барем на Назаре смоки или ти е плујнала у сендичо за после цел да и го дадеш!

18. Струмичанец си ако си чинуваш раат неколку пати на ден!

19. Струмичанец си и ако чинуваш на раат!

20. Не си струмичанец ако не се сеќаваш Коста Бургов ко го донесее у Скала со кабриолет!

21. Ќе пијам, ќе лумпувам, ќеифови ќе терам свој – мора да те погодува на посебен начин!

22. Ако не ги знааш Панчето Бајага, Русето, Анчето … и Трајчето семафоро пример?!

23. Ако не се сеќаваш на Старио Пазар

24. Не си струмичанец ак не напрааш 10 круга летто од долната до горната чешмичка.25. Ако 10ката со кромид не га мезаш со Струмка !

26. Ако не ти го истурат јадеенто у грбо ако не дојадаш!

27. Не си струмичанец ако не си купуваш скришно од ефтините чорапи пред Глобал!

28. Не си струмичанец ак не си пијал макијато у Заир за 10 денара!

29. Ако не се сеќаваш таксито ка беше од 20 до 30 денара.

30. Ако за поклон го носаш виното или бомбоњерата на тебе шо ти га донеселе.

Само Мицката права најдобри фишеци од стари сметки за семки, кикирики, може да те исплаше, а у исто време и да ти каже СпорЦки!

31. Кино Балкан и Лепа Брена то су срца два!

32. „Млад струмичанец“ си ако првата симпатија ти е од Бингото.

33. Ако за Мустафа да играаш зимаше жетоне 3 за 10!

34. Струмичанец си ако еднач барем си се качил на костурницата да се опиеш и да се извикаш!

35. Ако се сеќаваш на големата дупка у парко у запустанио дел и там ти биле првите екстремни обиди за возене точак – екстремно!

36. Пијан си, тва е јасно, сабаале е, а ти си у Вкус и тва ти е 4ти тост!