strumica denes logo

ЗЛАТО И ДВЕ СРЕБРА ЗА ТИМ ЗОРАН ОД СТРУМИЦА ВО САРАЕВО!

Автор:

Датум:

јуни 8, 2026

Автор:

Датум:

јуни 8, 2026

Струмичкиот кик-бокс клуб Тим Зоран продолжува да бележи одлични резултати на меѓународната сцена. На престижниот меѓународен турнир„Sarajevo Grand Prix 2026“, натпреварувачите на клубот освоија еден златен и два сребрени медали, достојно претставувајќи ја Струмица и Македонија.

Најголем успех оствари Милена Стојанова, која се закити со златен медал во дисциплината Кик Лајт во категоријата до 42 килограми, покажувајќи одлична подготвеност и доминација во својата категорија.

Со сребрени медали се вратија Јулијана Ристова, која настапи во дисциплината Кик Лајт до 46 килограми, како и Крсте Трајковски, кој го освои второто место во дисциплината Лоу Кик во категоријата до 86 килограми.

Од клубот изразија задоволство од постигнатите резултати, истакнувајќи дека освоените медали се потврда за напорната работа, посветеноста и континуираниот развој на натпреварувачите.

Успехот на кик-боксерите од Тим Зоран претставува уште една значајна спортска афирмација на Струмица на меѓународната спортска сцена и дополнителен мотив за идните предизвици што ги очекуваат членовите на клубот. 🥊🏆🇲🇰