ЖИТЕЛ НА БАНИЦА НАПАДНАЛ ТАКСИСТ И МУ ГО УКРАЛ МОБИЛНИОТ, А ПОДОЦНА ФИЗИЧКИ НАПАДНАЛ И ПОЛИЦАЕЦ!

јуни 27, 2023

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.М. (38) од село Баница, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 13.06.2023 околу 22.30 часот во село Баница, пријавениот физички нападнал такси возач со кој се превезувал и му го одзел мобилниот телефон, по што на 14.06.2023 околу 00.30 часот, физички нападнал полициски службеник кој го забележал и се обидел да го легитимира.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ